ДРУШТВО ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ГУМЕНИ ПРОИЗВОДИ, ГУМИРАЊЕ ВАЛЦИ И ТРГОВИЈА
english version

 
 
 

 


Друштво за производство на гумени производи “ТЕХНО ГУМА“ Д.О.О.Е.Л.-Штип е основано во 1988 година. Денес во компанијата “ТЕХНО ГУМА“ има 16 вработени, со два технолози од областа на гумарството.

Tehnoguma поседува сертификат за квалитет ISO 9001:2008 број на сертификат SI-Q-1011.

Нашата определба за квалитет. Низ континуитетот на повеќедецениското присуство на пазарот во производството на гума и гумени производи научивме да го цениме квалитетот на нашето работење како основа врз која клиентот во нас наоѓа траен партнер за постигнување на неговите цели.

Наши основни вредности. Успешната примена на нашата политика за квалитет ја потврдуваме преку: Континуирана соработка со клиетите како потврда дека сме ги исполниле нивните очекувања. Широк спектар на клиенти од јавниот сектор, стопанството, странските претставништва но и за лична употреба. Стабилност во постигнување добри резултати што произлегува од креативниот потенцијал на нашите вработени поддржани со непрекинато мотивирање и подобрување на квалифилификациите. Примена на системот за управување со квалитет како алатка за подобрување. Подобрувањето на нашата организација како предуслов за зголемување на квалитетот на нашето работење. Посветеност на нашето севкупно работење кон придонесување на благосостојбата на општеството и нашите вработени како негов дел. Постојана грижа за животната и работната средина.

Како работиме? Нашите резултати ги постигнуваме внимавајќи на: Негување и надоградување на резултатите од повеќедецениското делување на пазарот на гума и гумени производи. Понудата на најквалитетни деловни решенија, обложување и услуги за oпрема и производство на гумени делови. Вработување квалитетни соработници кои по постигнувањето на нашите цели ќе предлагаат нови повиски хоризонти. Ефикасно развивање и користење сопствените ресурси. Почитување на законските рамки и најдобрата деловна етика за извршување на стопанска дејност.

За период од 15 години досегашно работење, вработените во “ТЕХНОГУМА“ со сиот свој ангажман успеаа да направат квалитетни производи за сите потреби во најразлични индустриски гранки.

Главна примена производите на “ТЕХНО ГУМА“ наоѓаат во:

  • Текстилната индустрија
  • Индустријата за производство на картони и картонска амбалажа
  • Индустријата за производство на хартија
  • Графичката индустрија
  • Новинско - издавачките куќи
  • Дрвно - преработувачката индустрија
  • Тутунската индустрија
  • Транспортни валци за рударството
  • Кожарската индустрија
  • Индустријата за бои и лакови
 
 
 
 

Copyright ©2004 Tehnoguma dooel Stip
Designed by MTnet